Мерен ормар
Мерните системи со комплетната придружна електронска опрема се инсталираат во ормари во кои се применети современи мерки за заштита на опремата и операторите. Секој систем се испорачува со детална техничка документација за оперирање и опис на техничките карактеристики на системот.
PowerREC
Мерниот систем овозможува директна табеларна и графичка анализа на параметрите на електричната енергија, и нивно трајно примарно меморирање. Други позначајни карактеристики на системот се:
• Мерење на сите параметри на електричната енергија, и напонски хармоници
• Мерење енергија во повеќе тарифи
• Статистика за активна, реактивна, привидна, и максимална ангажирана моќност
• Дигитални влезни (сигнални) и излезни (контролни) порти
• Пренос на податоци преку: импулсен излез, струјна јамка, RS485 (Modbus RTU)
• Класа на точност 0,2% напон, и 0,5% активна електрична енергија
PowerECON
Системот овозможува мерење и нумеричка претстава на параметрите на електричната енергија. Други позначајни карактеристики на системот се:
• Мерење на сите параметри на електричната енергија
• Дигитални влезни (сигнални) и излезни (контролни) порти
• Вградени конфигурабилни аларми
• Пренос на податоци преку: импулсен излез, струјна јамка, RS485 (Modbus RTU)
• Класа на точност 0,5% за активна електрична енергија
PowerDIN
Системот е наменет за компактна монтажа на DIN лежишта. Се одликува со мерење и нумеричка претстава на параметрите на електричната енергија, како и:
• Мерење на сите параметри на електричната енергија
• Дигитални влезни (сигнални) и излезни (контролни) порти
• Можност за директно поврзување на струјна гранка до 80А
• Пренос на податоци преку: импулсен излез, струјна јамка, RS485 (Modbus RTU)
• Класа на точност 0,2% напон, и 0,5% активна електрична енергија