Нашите производи овозможуваат следење, запис, пренос и анализа на сите релевантни параметри на електричната енергија. Мерните системи поседуваат сертификати за електромагнетна компатибилност (CE), како и сертификати од акредитирана метролошка лабораторија со кои се гарантира нивната точност.
Софтверските алатки PowerMON и NET-PowerMON се комплетни програмски решенија кои овозможуваат преглед, запис и анализа на сите релевантни параметри на електричната енергија. Алатките овозможуваат телеметриски пренос на податоците, интелигентно алармирање, симулација на фактури, и автоматско генерирање на извештаи.
Хардверскиот дел од системите за менаџмент за електрична енергија содржи професионална индустриска опрема која ги задоволува европските стандарди за квалитет и безбедност. Системите се одликуваат со отворена архитектура за едноставна интеграција на други постоечки мерила или мерни системи.