NET PowerMON

Оваа онлајн апликација овозможува преглед на сите мерења во реално време, независно од локацијата и уредот, со PC, таблет, лап топ, мобилен телефон преку интернет. Нуди детални прегледи на сите параметри од вашите системи за менаџирање на електричната енергија .
Можност за следење, алармирање и генерирање извештаи за фазни/линиски напони, струи, моќност, енергија, фреквенција, фактор на моќност во Excel, pdf, HTML или директно праќање на е-маил со извештајот.

Генерален преглед

NET PowerMON:
Генералниот преглед нуди нумерички и графички приказ во реално време. Брз и ефикасен начин да се проверат и следат посакуваните параметри.

Електрична моќност

NET PowerMON:
Приказ на максималната ангажирана моќност, усредната на 15 минутен интервал, која е многу важна за индустриските потрошувачи. Нумеричкиот индикатор за максималната ангажирана моќност се ресетира на првиот ден од месецот, и ја содржи максималната регистрирана вредност и временскиот момент кога истата е регистрирана.
Детален приказ на активната/реактивната/привидната моќност на секоја интервал со линиски график со маркери за вредност.

Електрична енергија

NET PowerMON:
Приказ на потрошена електрична енергија за даден датум, на 60 минути со чекор од 15 минутен интервал, како и временски интервал на 60 и 15 минути засебно.
Можност за задавање различни предвидувања за планираната потрошувачка на енергија, на пример за викенд или за работен ден со две смени. Споредба на предвидувањето со реалните мерења.
График со маркери за датум и вредност на потрошена електрична енергија.
Алармирање (преку емаил) при тенденција за нарушување на часовното предвидување.

“Интелигентни” аларми

PowerMON:
Можност за дефинирање “интелигентни” аларми поврзани во логичка целина, автоматско генерирање записи и информирање на корисникот со лесно разбирливи конфигурабилни текстуални пораки.
Можност за дефинирање категорија и приоритет на аларм и алармирање на корисникот преку email пораки.

Меморирање на податоците

PowerMON:
Меморирање на податоците во SQL база на податоци, статистичка анализа на снимените податоци, приказ и генерирање извештаи

Табеларен и графички приказ

PowerMON:
Табеларен и графички приказ на сите релевантни параметри (напон, струја, моќност и енергија). Фазорски дијаграми на напон, струја и моќност. Хистограми на струи и напони.