Благој Коколански

Благој Коколански

Благој Коколански завршил средно образование електротехничка струка на насоката електроенергетика во СЕТУ Михајло Пупин во 1998 година. Во периодот од 2003 -2007 година работи во Македонска радио-дифузија на одржување на телекомуникациски и електроенергетски системи во среднобрановиот предавател Маџари и во ТВ УКБ предавател Туртел. Потоа во периодот 2008-2013 професионалната кариера ја продолжува како електротехничар во Тутунски комбинат Скопје каде што стекнува солидно искуство во полето на одржување индустриски машини. Од 2015 година, Благој Коколански е вработен во ДТК Смарт-тек каде што е одговорен за изработка и тестирање на системи за менаџмент со електрична енергија.