М-р Марија Марковска
М-р Марија Марковска
Марија Марковска е родена во 1992 година во Скопје, Р. Македонија. Таа дипломира на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2014 година на насоката Компјутерско системско инженерство и автоматика. Во 2015 година се здобива со звањето “Магистер по електротехника и информациски технологии од областа на Дигитално процесирање на сигнали”. Од 2014 година е ангажирана како демонстратор за држење на лабораториски вежби, додека од септември 2015 година е ангажирана како асистент на Институтот за електроника при Факултетот за електротехника и информациски технологии, каде што е и докторант. Во рамките на своите студии има посетено повеќе домашни и меѓународни курсеви и натпревари и се има стекнато со голем број дипломи и признанија. Нејзините научно-истражувачки интереси се во областа на дигитално процесирање на сигнали, анализа на квалитетот на електричната енергија во реално време, и развој на дистрибуирани системи. Резултатите од својата научно истражувачка работа ги има објавено на неколку домашни и меѓународни конференции. Член е на Македонската секција на IEEE. Од 2015 година Марија Марковска е дел од спин-оф компанијата ДТК-Смарт Тек ДОО Скопје.