Универзален бројач на електрични и оптички импулси PCR-41

PCR-41 е четириканален универзален електронски бројач на оптички или електрични импулси согласно стандардот EN 62053-31. Основна примена на бројачот е акумулирање на податоци од броила за енергија со импулсен излез независно од типот и брендот на броилото. Со овој систем се овозможува интегрирање на разнородна постоечка или нова мерна инфраструктура во еден единствен систем за менаџирање со енергија. Можноста за отчитување на состојбата и параметрите од бројачот преку RS485 комуникациски интерфејс и MODBUS протокол во master/slave конфигурација овозможува едноставно интегрирање на бројачот во веќе постоечки SCADA системи или пак примена во софтверската платформа NET PowerMON на компанијата ДТК Смарт-тек.

Бројачот PCR-41 овозможува директно поврзување на броила за енергија кои содржат електричен импулсен канал согласно стандардот EN 62053-31 или пак исчитување на оптички импулси со помош на оптичка глава.

Оптичка глава за исчитување на светлински импулси од броила за енергија
Главни карактеристики на електронскиот бројач PCR-41 се:
- Четири влезни канали со можност за софтверско параметрирање (состојба, мерна единица, начин на поврзување, активен раб на броење, преносен однос, константа)
- Можност за акумулирање на 264-1 импулси за секој канал
- Трајно меморирање на податоците во ЕЕPROM меморија
- Карактеристики на влезни сигнали во согласност со стандардот EN 62053-31
- Електрично или оптичко поврзување со броилата за енергија
- Параметрирање и исчитување на бројачот преку RS485 интерфејс со MODBUS протокол
- Индустриско куќиште прилагодено за монтажа на DIN шина
Бројачот е развиен во рамките на проектот “ИНТЕГРИРАН ИНТЕРНЕТ-БАЗИРАН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ ЗА МЕНАЏИРАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА” финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој.

13.Dec.2017