За нас
ДТК Смарт-тек е компанија која делува во областа на развој и имплементација на системи за мерење, анализа и управување со електрична енергија. Ваквите системи придонесуваат кон зголемување на енергетската ефикасност на компаниите, а со тоа и заштеда на средства по однос на електричната енергија. Заштедите кои се внесуваат со овие системи се особено значајни во компаниите од индустрискиот сектор (процесна, прехрамбена, машинска и др. индустрија), но исто така и во други компании од јавниот сектор (административни и стамбени објекти, школи, трговски центри и сл.).
Компанијата е формирана како спин-оф на Факултетот за електротехника и информациски технологии во 2015 год. и е финансиски подржана од Фондот за иновации и технолошки развој.
Примарна дејност на компанијата е развој на хардверски и софтверски решенија во областа на менаџмент и управување со електрична енергија, како и нивно прилагодување со цел да се исполнат специфични барања на корисниците.
Дел од позначаjните карактеристики на развиените системи се:
- Мониторинг, запис, и анализа на сите важни параметри на електричната енергија (напони, струи, активна моќност, реактивна моќност, фактор на моќност, активна енергија, реактивна енергија и др.)
- Пренос на мерните податоци во компанијата преку индустриски комуникациски интерфејси
- Телеметриско исчитување на податоците преку интернет
- Секундарен локален запис на мерните податоци
- Можност за уравување на процесот со цел намалување на врвната ангажирана моќност
- Алармирање врз база на мерењата и врз база на статистички показатели
- Статистички анализи и автоматско генерирање извештаи
- Зголемување на енергетската ефикасност на компаниите и намалување на трошоците за електрична енергија, и др.
Покрај развој на системи за менаџмент со електрична енергија, компанијата ДТК Смарт-тек нуди и консултантски услуги со цел зголемување на енергетската ефикасност, експертска анализа на податоците од мерењето, предлог решенија и реализација на системи за автоматско управување, компензација на реактивна енергија, квалитет на електрична енергија и др.