Дипл. ел. инж. Филип Симјаноски
Дипл. ел. инж. Филип Симјаноски
Филип Симјаноски е роден во Скопје, Македонија во 1993 година и е редовен студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Моментално е на мастер студии на ФЕИТ на насока Метрологија и менаџмент на квалитет, а успешно ги заврши додипломски студии на насоката Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија. Ангажиран е како демонстратор на факултетот, како и на неколку проекти, меѓу кои ЕЛ-КА (електричен картинг), борд член при организација на СКЕЕОР 2015 (Трета студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“) и последно, вклучен е во активностите на ДТК Смарт-тек. Има извршено повеќе стручни пракси во ЕВН Македонија, на универзитетот во Манипал, Јужна Индија во 2014 година, и ISTAD Net во Норвешка во 2015, за мерење на парцијални празнења и загуби во трансформаторски станици. Автор е на два студентски труда, на студенската конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ СКЕЕОР 2014 и 2015. Член е и на МАКО СИГРЕ.