Учество на Технома 2015

Важноста од соработка на компаниите со научно-истражувачките институции беше една од главните теми на вториот ден на Технома 2015.
Во рамки на Форумот за иновации и технологии компаниите ДТК Смарт-тек и ХАС Инженеринг ЛТД говореа за развој на иновации кај стартап и академски спин оф компании, додека новиот фонд на македонскиот пазар, South Central Ventures ги презентираше можностите за финансирање на иновации и иновативни компании. За истата можност говореа и од Crimson Capital Coo за проектот Innovation Financing Vehicle. ДТК Смарт-тек како единствена спин-оф компанија која доби грант од ФИТР во првиот повик за финансирање, беше во фокусот на дискусиите за неопходноста за соработка помеѓу науката и индустријата.
Во рамките на саемот Технома 2015, ДТК Смарт-тек ги претстави и своите производи на штандот на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

15.Oct.2015