Виртуелен сигнал генератор

Галерија: 

ДТК Смарт-тек, во рамките на соработката со СЕТУГС „Михајло Пупин“ разви и изработи виртуелен функциски сигнал генератор. Станува збор за целoсен хардверски и софтверски развој, дизајн и изработка на функциски генератор, кој може да се користи како засебен инструмент во склоп со други лабораториски инструменти, а се користи и за целите на лабораториските вежби кои ДТК Смарт-тек ги изработи за училиштето. Инструментот може да се користи со помош на персонален компјутер. USB напојувањето овозможува генераторот лесно да се користи и како преносен инструмент.
Инструментот се одликува со следните карактеристики:
- Фреквенциско подрачје: 20 Hz – 40 kHz;
- Напонско подрачје: 0 – 5 V;
- Излезна моќност: 5 W;
- Синусоидален, правоаголен, триаголен и пилест бранов облик на излезниот сигнал;
- 4 дигитен ЛЕД дисплеј;
- Груба и фина регулација на фреквенцијата;
- USB напојување.