ДТК Смарт-тек добитник на грант од ФИТР
Нашата компанија е добитник на грант финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој во Република Македонија. Официјалното потпишување на договорот со ФИТР се изврши на 22.06.2015 год.
ДТК Смарт-тек доби 26300 евра за Развој на инструментација за мерење и анализа на електрична енергија.
Основна дејност на компанијата е развој, реализација и имплементација на електронски системи за мерење и анализа на електрична енергија, и тоа: потрошена електричната енергија, максимална ангажирана моќност, квалитет на електрична енергија, како и други процесни физички величини.
22.Jun.2015