ДТК Смарт-тек добитник на грант од ФИТР
ДТК Смарт-тек е добитник на грант од третиот јавен повик за финансирање на проекти под инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ од Фондот за иновации и технолошки развој. Смарт-тек е една од четирите компании-добитници, во конкуренција на вкупно 52 предлог проекти. Добитниците беа официјално претставени на 5.12.2016 год. во Клубот на пратеници од страна на директорката на Фондот, Јасмина Поповска.
Проектот со кој компанијата аплицираше на повикот предвидува проширување на функционалностите на веќе постоечкиот систем за менаџирање со електрична енергија на Смарт-тек, така што во анализите ќе може да се вклучи и потрошувачката на било каков вид на енергија или енергенс (електрична енергија, гас, вода итн.). Ваквите системи претставуваат одлична можност за македонските компании да заштедат енергија при нивното работење и воедно да добијат јасна слика за нивната потрошувачка.
Основна дејност на ДТК Смарт-тек е развој, реализација и имплементација на системи за менаџирање со енергија и вршење анализа на енергетската ефикасност, како во индустрискиот, така и во комерцијалниот и административниот сектор.