Дипл. ел. инж. Бодан Велковски
Дипл. ел. инж. Бодан Велковски
Бодан Велковски е роден во Скопје, Македонија во 1994 година и е студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Моментално е во својата последна година на додипломски студии на насоката Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија. Ангажиран е како демонстратор на факултетот, како и во неколку други проекти како ЕЛ-КА (електричен картинг), борд член при организација на СКЕЕОР 2015 (Трета студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“) и последно, вклучен во активностите на D. Има извршено повеќе стручни пракси во ЕВН Македонија, и во Solimpeks, Турција, за контрола на квалитет при производство на фотоволтаични панели. Автор е на неколку трудови публикувани на научни конференции, меѓу кои 9. советување на МАКО СИГРЕ, Infoteh Jahorina 2016 и СКЕЕОР 2015. Член е на МАКО СИГРЕ, студентскиот огранок при Македонската секција на IEEE и e претседател на здружението СКЕЕОР Скопје.