Проф. д-р Живко Коколански
Проф. д-р Живко Коколански
Живко Коколански е роден во Скопје, Македонија во 1981 година. Тој дипломира на Електротехничкиот факултет на насоката електроника и телекомуникации во 2007 година, се здобива со степен Магистер по електротехника во 2010 година, додека во 2013 година докторира на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје во областа на електричните мерења. Од 2006 година, Живко Коколански работи на Институтот за електрични мерења каде што моментално е професор на предмети од областа на електрични мерења. Неговото поле од интерес опфаќа: електронска мерна инструментација, системи за мерење електрична енергија, електронски кола за кондиционирање, сензорски интерфејси, и програмабилна мерна инструментација. Во неговата професионална кариера, Живко Коколански публикувал 73 научни и стручни трудови на домашни и меѓународни конференции и во меѓународни списанија. Тој членува во повеќе професионални организации: IEEE, Мако Сигре, Асоцијацијата на млади инженери, ЕТАИ, СКЕЕОР, Електроника, и др. Живко Коколански е добидник на повеќе награди и признанија, меѓу кои двоен добитник на Felow награда од Интернационалната агенција за атомска енергија во 2010 и 2014 година.
Од 2015 година, Живко Коколански е управител на спин-оф компанијата ДТК Смарт-тек.