Успешна соработка со Силган Метал Пекиџинг

ДТК Смарт-тек е компанија која делува во областа на развој и имплементација на системи за мерење, анализа и управување со електрична енергија. Ваквите системи придонесуваат кон зголемување на енергетската ефикасност на компаниите, а со тоа и заштеда на средства по однос на електричната енергија. Заштедите кои се внесуваат со овие системи се особено значајни во компаниите од индустрискиот сектор (процесна, прехрамбена, машинска и др. индустрија), но исто така и во други компании од јавниот сектор (административни и станбени објекти, школи, трговски центри и сл.).
Компанијата е формирана како спин-оф на Факултетот за електротехника и информациски технологии во 2015 год. и е финансиски подржана од Фондот за иновации и технолошки развој.
Примарна дејност на компанијата е развој на хардверски и софтверски решенија во областа на менаџмент и управување со електрична енергија, како и нивно прилагодување со цел да се исполнат специфични барања на корисниците.
Една од компаниите кои имаа бенефит од овие системи за управување со енергија е “Силган Метал Пекиџинг” – фабрика за лимена амбалажа, која неколку месеци ги користеше услугите на Смарт-тек. Зоран Трајковски, стручно и одговорно техничко лице од Силган, изјави:
"Во изминатиот период имавме соработка со компанијата ДТК Смарт-тек и благодарение на истата дојдовме до битни заклучоци поврзани со нашата потрошувачка на електрична енергија и можност за моментални и долгорочни заштеди. Системите на Смарт-тек, покрај мерење и мониторинг, нудат и интернет-базирано решение кое овозможи нашето раководство и кога не е во близина далечински да го следи работниот процес. Покрај добиените податоци, добивме и стручно мислење за нашето работење, од тим кој е спој од долгогодишно искуство и млад инженерски ентузијазам."
Во период на зголемена потрошувачка на електрична енергија, од огромно значење се компаниите кои размислуваат на системи со менаџирање со електрична енергија и имплементирање на истите. Македонија е во земјите во развој, која секоја година ја зголемува потрошувачката, што е противно од светската политика за енергетска ефикасност.

13.Jan.2017